Од полноќ поевтини горива во Македонија

 

Од полноќ, дизелот и бензинот се точат по пониски цени. Регулаторната комисија за енергетика вчера одржа седница на која одлучи дизелот да поевтини за 1 денар а 98 октанскиот бензин за половина денар.
Цената на 95 октанскиот супер остана непроменета.
Па така, од полноќ дизелот веќе се продава по цена од 70 денари за литар.
95 октанскиот бензин останува по старата цена од 76 денари а литар 98 октански супер сега се продава за 78 денари.

 

12.12.2024 - 08:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега