Хорор на час по хемија во Обреновац: Ученичка испила азотна киселина
16-годишна девојка од Обреновац утрово се обидела да се самоубие, откако испила азотна киселина на час по хемија.
Инцидентот се случил околу 08:30 часот за време на час по хемија.
По брзата реакција на наставничката тинејџерката со возило на брза помош била пренесена во клиниката во Тиршова каде лекарите и пружиле помош – вели изворот на Информер од истрагата.
Истрагата за овој инцидент е во тек. Во меѓувреме, полициските службеници од Обреновац имале разговор со надлежните од училиштето и ги утврдуваат сите детали за овој инцидент.
Исто така, контактирани се и родителите на девојчето со цел да се утврдат сите детали за овој инцидент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа