ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа во вода сите црни сценарија за заштита на криминалот на СДС и ДУИ
Сценариото за креирање вештачка криза, дестабилизација и етнички тензии на СДС и ДУИ е навремено откриено и разбиено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Паднаа во вода сите црни сценарија за заштита на криминалот на СДС и ДУИ.
Полицијата реагираше експресно и професионално, а планот на СДС и ДУИ за тензии е осуетен и поради тоа се нервозни и во паника.
Потезите на СДС и ДУИ вклучуваат манипулирање со симболиката на македонското знаме, СДС и ДУИ очајнички се обидуваат да дефокусираат од нивните контроверзни дејства во страв и агонија од соочување со правдата.
СДС и ДУИ би требало да знаат дека националните симболи не треба да бидат жртва на ваквите нивни игри.
СДС да престане да се служи со најниските форми на манипулација, наместо да се соочат со реалните кризи на граѓаните и да бидат конструктивна опозиција, тие избираат да разгоруваат тензии.
Сите обиди на СДС и ДУИ за креирање раздор нема да бидат толерирани а сите оние кои се обидуваат да ја загрозат стабилноста на македонското општество ќе се соочат со соодветни правни реперкусии и соодветен одговор на институциите.
СДС и ДУИ да не поттикнуваат намерно конфликти, за да ги прикријат своите криминални афери. Со очајнички потези нема да успеат, народот не подлегнува веќе на провокации и на нивните политики на поделби.
СДС и ДУИ треба да знаат дека кога се подгрева ситуација лесно е мал инцидент или реакција да се претвори во една поголема трагедија во која никој не излегува победник.
Во превод, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се загрози јавниот мир на сите чесни граѓани на оваа држава“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа