Канада и’ даде дозвола на Neuralink на Маск за чипирање човечки мозоци
Компанијата на Маск, Neuralink, започнува со клинички испитувања на импланти на мозочни машини на квадриплегичари во Канада. По првите клинички тестови во САД, Neuralink доби одобрение од Health Canada да ја иницира студијата CAN-PRIME, првото меѓународно клиничко испитување на луѓе.
Ова тестирање на медицински уред за целосно имплантиран безжичен интерфејс мозок-компјутер (BCI) се надоврзува на успесите на тековната студија PRIME во САД и означува важен чекор кон развојот на иновативна BCI технологија која има потенцијал да ги промени животите на луѓето со невролошки нарушувања низ целиот свет.
Слично на студијата PRIME, студијата CAN-PRIME има за цел да ја процени безбедноста на имплантот и хируршкиот робот и да ја тестира почетната функционалност на BCI за да им овозможи на луѓето со квадриплегија да контролираат надворешни уреди со своите мисли.
Испитувањето во моментов е отворено за жители на Канада со ограничена или никаква способност да ги користат двете раце поради амиотрофична латерална склероза (АЛС) или повреда на цервикалниот ‘рбетниот мозок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа