Младите не сакаат да работат во државни институции
Младите немаат интерес да работат во државните институции. Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање вели дека за жал, нема интерес младите да работат за платите коишто се нудат во јавниот сектор.
-За жал, нема. Точно, тоа претставува сериозен проблем и не е атрактивно за младите, но ќе продолжиме да бараме се додека не го испорачаме тоа кое што им е потребно на граѓаните без разлика на етничката припадност, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Боњаци или кој било друг ние сме Влада на сите граѓани, така и ќе се однесуваме, но верувајте ако ги споредите активностите на оваа Влада со претходната обемот е најмалку 10 пати зголемен. И понекогаш се доцни и по ден, два токму од тие причини. Нема тука никаква намера. Се надеваме дека наскоро ќе се доекипираме и дека се ќе биде како што треба да биде. Сега ни требаа нас, за вчера ни требаат повеќе луѓе, но за жал нема интерес, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа