ВЛЕН: Го ослободуваме правосудството од канџите на ДУИ
Кога ДУИ зборува за партизација на правосудниот систем, звучат смешно и жалосно. Тие треба да разберат дека влијанието врз судскиот систем заврши со нивниот крај, велат од ВЛЕН.
„Албанскиот граѓанин има добра мемориа и ги памти случаите кога судии и обвинители се именуваа со телефонски разговори каде се слушаа Али Ахмети, Муса Џафери и Блерим Ќосето Беџети како велат „Со еден обвинител Албанец помалку не се оди во рајот“.
Посвежи се случаите како тој на Иџет Мемети, кој самиот кажа дека земал мито и ја призна вината.
Пордолжуваме понатаму, изборот на Ислам Абази од Зајаз за главен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција имаше за цел инсталирање на политичко влијание врз ова обвинителство. И покрај тоа што негираа, фотографиите се сведок кои потврдуваат дека Абази се лизна од замокот на Али Ахмети на чело на Обвинителството за гонење на криминал и корупција.
Исто така, народот не го заборава ниту Талат Џафери, кога го почасти својот син - Барлет Џафери, на функцијата обвинител уште пред да дипломира. Затоа, неслучајно довербата во судството е намалена на алармантни бројки, а тоа се случи токму кога во последователни години ДУИ беше дел од власта.
Северна Македонија 10 години по ред добива негативни оценки од Европската Унија во однос на реформите во правосудството, а во наредниот период ВЛЕН нема да го дозволи ова.
Советот на јавни обвинители е важен дел од правосудниот систем и правдата, за кој ВЛЕН активно бара реформски решенија, за да истиот биде независен и да ги исполнува основните вредности на Уставот.
ВЛЕН ќе ја врати довербата во судството и ќе ги тргне канџите на ДУИ од судиите и обвинителите“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа