Има меѓу 50 и 60 години - Полицијата се уште не може да го идентификува мажот кој утрово беше пронајден мртов во Скопје

 

Полицијата се уште не може да го идентификува мажот чие тело утрово беше пронајдено на пешачката патека во близина на Паркот на франкофонијата во центарот на Скопје.
Неофицијално, станува збор за маж на возраст меѓу 50 и 60 години но кај себе немал документи за идентификација, па неговиот идентитет не може да се утврди.
До овој момент не можеме да добиеме официјална потврда дали на телото биле забележани траги на насилство, иако полициски извор за Press24 брифираат дека веројатно станува збор за ненасилна смрт.
Случајот во полиција бил пријавен утрово во 9:27. Полициските екипи се уште работат на утврдување на идентитетот на мажот кој во спортска опрема беше најден починат во центарот на Скопје.

 

07.11.2024 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега