Ахмети бара предвремени избори: Ако победам мора да сум на власт
Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. Решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година, му рекол Ахмети на амбасадорот на ЕУ во Скопје Михалис Рокас со кого утрово имал средба во Тетово.
„Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор.
Во однос на Охридскиот договор, г. Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн. “ – рекол Ахмети, пренесе ДУИ.
Ахмети го информирал амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.
„За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус. “ – се вели во соопштението на ДУИ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа