Седница на ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики

 
На попладневната седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки.
 
„Оценка е дека за само 5 месец Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања.  Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови.
 
Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците.
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност.
 
Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор  и ќе се разговара за идните политики на партијата“, соопштија од СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
 
Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30 тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ.
 
„Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата.
 
Централниот одбор одлучи пред одржување на 30тиот Конгрес да продолжи со работа и 29-тиот Конгрес кој беше прекинат на барање на општинските организации.
 
Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.

 

СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието“, се додава во соопштението испратено до медиумите.
05.11.2024 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега