Муцунски се сретна со чешкиот колега: Главен фокус руско-украинската војна

 

 

Во рамки на работната посета на Чешка, министерот Муцунски оствари средба со чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски. Посетата ја одразува нашата посветеност кон градење на цврсто партнерство, засновано на меѓусебно почитување и заеднички вредности.

На средбата двете страни го поздравија динамичниот и континуиран политички дијалог помеѓу двете земји и одличната билатерална соработка која трае веќе 30 години. Дополнително, беа изразени заемни заложби за интензивирање на економската соработка, а во таа насока, покрај денешниот бизнис форум, беше инициран и голем економски настан кој ќе биде одлична можност за продлабочување на соработката меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за низа важни прашања, вклучувајќи трговија, миграција, како и културна и образовна соработка.

Фокусот на разговорите беше ставен и на актуелните геополитички прашања, особено агресијата на Русија врз Украина, при што беше најавено продлабочување на соработката во полето на меѓународното право.

Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и јасна поддршка од Република Чешка за пристапниот процес на нашата земја кон ЕУ, рефлектирана и преку нејзината активна улога во Вишеградската група и групата Пријатели на Западен Балкан.

05.11.2024 - 17:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега