Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС

 


Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови, истакна Петрушевски.

Петрушевски потенцираше дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.

„Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?

Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.

 

Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството“, вели Петрушевски.

05.11.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега