Струга: Со пушка му го убил кучето на соседот
Министерството за внатрешни работи информираше дека во саботата по претходна пријава, полицајци од ОВР Струмица уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево.
„Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец.“, информираат од полицијата.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.
04.11.2024 - 09:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа