Обвинителство: Едниот убиец од Арачиново е фатен, по другиот се трага
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.
Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот.
Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага.
02.11.2024 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа