Паднаа двајца дилери од Гевгелија: Полицијата им упаднала дома, тие ја фрлиле дрогата пред зграда

 

Двајца гевгеличани се приведени по акција на полицијата и Основното јавно обвинителство. При претрес во домот на еден од нив пронајдени биле екстази, амфетамен, марихуана и дигитална вага.

Вчера поднесена била кривична пријава против 22-годишниот А.М. И 26-годишниот Л.Б. За сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. За ова кривично дело Кривичниот законик предвидува затворска казна од една до десет години.

Ден претходно, 22-годишниот А.М. Заради продажба купил 25 парчиња екстази и 68 грама амфетамин. Двајцата потоа во станот на Л.Б. Набавениот амфетамин го препакувале во мали најлонски пакувања за натамошна продажба.

-При претрес на домот на Л.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени амфетамин и марихуана, а во дворното место било пронајдено најлонско ќесе со екстази, амфетамин и една дигитална вага. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, каде во службениот разговор го признале делото, а А.М. признал и дека предметите кои биле пронајдени во дворното место ги фрлил тој, откако забележал дека пред зградата има полициски службеници. Од страна на судија од Основен суд Гевгелија на осомничените им била определена мерка притвор во траење од по 30 дена, велат од МВР.

01.11.2024 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега