Мицкоски: Ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот
Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека младите се во фокусот на Владата.
Впрочем, сите се во фокусот на Владата, но најмладите ќе ве потсетам во моментот интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18-ина милиони евра тука има инвестиција, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека во буџетот се предвидени оние 250 илјади евра за дигитални уреди коишто ќе ги користат сите студенти на сите универзитети коишто веќе се планирани во буџетот.
„Тука се планирани оние 10 милиони евра коишто треба да бидат во форма на грант за старт-ап бизнис на младите и уште многу други проекти, млади специјализанти итн., нешто што досега беше незамисливо за претходните влади ние тоа го правиме и го овозможуваме. Ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот затоа што само така можеме заеднички да успееме и како општество. Животот е борба, дневно се бориме за да успееме. Секој ден е нов предизвик. Секој ден тој нов предизвик треба да го совладаме, ништо не паѓа од небо готово, за се’ мора да се бориме и да го заслужиме. Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме тоа кое што го работиме на младите бидејќи на нив останува иднината, а ние како Влада ќе сториме се’ што можеме да им оставиме подостојна и попристојна иднина“, истакна Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа