Почина затвореник од Кичево во КПУ Идризово

 


Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од с.Строгомиште, кичевско.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.

Извршен бил увид.

28.10.2024 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега