Нападнат полицаец во Аеродром - приведени пет лица

 


Денеска во 01.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

20.10.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега