Хезболах: Влегуваме во нова фаза од борбата со Израел

 


Хезболах вели дека влегува во нова фаза во својата борба против инвазивните израелски трупи додавајќи дека во последните денови почнал да користи ново оружје.

Во соопштението на Хезболах се вели дека борците на групата првпат користеле нови типови на прецизно наведувани ракети и експлозивни беспилотни летала, според медиумите во регионот.

„Почнуваме нова фаза во војната против Израел. Во оваа фаза првпат користиме ракети со прецизно наведување како додаток на нов тип самоубиствен дрон“, се наведува во соопштението.

„Ги лансиравме артилериските гранати на позициите на израелските непријателски војници откога ги забележавме на периферијата на градот Кфар Кила. Вторпат бомбардиравме собир на непријателски војници во близина на градот Аита ал-Шааб додека тие се обидуваа да ги евакуираат мртвите и ранетите“, се додава.

Групата исто така претходно оваа недела објави дека лансирала нов тип ракета наречена „Кадер 2“ кон предградијата на Тел Авив.

18.10.2024 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега