Сообраќајка на патот Радовиш - Штип: Во судир на два автомобили тешко повредена штипјанка

 


Вчера во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

18.10.2024 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега