Исчезнаа тројца малолетници во Скопје

 


Во рок од 24 часа во Скопје пријавени се исчезнати тројца малолетници.

Вчера во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Вчера во 15:10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Н.Ј.(37) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот внук М.Ш.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Ноќеска во 02:30 часот во СВР Скопје, Е.Т.(36) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Т.(16).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

15.10.2024 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега