Вечерва пукотници во Чаир: Еден повреден

 

Пукање вечерва во скопската населба Чаир, дознава ТВ21.

-Според информациите, едно лице е рането и е пренесено на укажување лекарска помош во Градската болница, објави телевизијата.

Пред само неколку дена се случи престрелка во Чаир во близина на маркетот Веро во која беше повреден 19-годишен скопјанец.

14.10.2024 - 19:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега