Бајден до Американците: Не излегувајте од дома

 

„До сите погодени од ураганот Милтон: Ве повикувам да останете во затворени простории и да ги избегнувате патиштата. Паднатите далноводи, остатоците и пропаднатите патишта создаваат опасни услови. Помошта е на пат, но пред да пристигне, останете на безбедно место додека локалната властите не потврдат дека е безбедно да се излезе“, рече Бајден.

Најмалку три аеродроми на патот на уништување на Милтон ќе останат затворени за патници додека официјалните лица го испитуваат степенот на штетата предизвикана од ураганот.

Меѓународниот аеродром во Тампа денеска соопшти дека персоналот ја разгледува состојбата на аеродромот и објектите за да одреди кога може безбедно да се отвори.

„Официјалните лица планираат да објават план за повторно отворање подоцна денеска, откако ќе заврши темелната проверка на кампусот од 1.335 хектари и неговите згради“, соопштија од аеродромот.

Меѓународниот аеродром во Санкт Питерсбург Пит-Клирвотер рече дека сите летови се откажани денеска и не кажаа кога ќе продолжат со работа.

На меѓународниот аеродром во Орландо, „екипите за итни случаи останаа на лице место во текот на ноќта и сега ќе започне проценката на штетата“, соопшти аеродромот на X. „Кога ќе станат достапни конкретни информации за тоа кога ќе продолжат комерцијалните операции, ќе ве известиме“, се вели во објавата.

10.10.2024 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега