Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски

 


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, отпатува во официјална возвратна посета на Република Северна Македонија, каде што утре, 10 октомври, во Куманово ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јави дописникот на МИА од Белград.

-На крајот од месец јули годинава во Белград министерот Дачиќ оствари средба со министерот Тошковски за време на неговата официјална посета на Република Србија, на која се разговараше за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи. По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Во фокус на разговорите на министерот Панче Тошковски во Белград со вицепремиерот и министер за внатрешни работи- Ивица Дачиќ покрај полициска соработка беше и борба за справување со организираниот криминал и подобрувањето на соработката во делот на граничните премини, а беа договорени во август, мешовити полициски патроли во Охрид.

Според медиумите во Србија, тема на разговорите во Куманово се мигрантските процеси.

09.10.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега