Млад скопјанец пронајден избоден во парк

 


Вчера во 18.08 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во парк во с.Сарај, Скопско, со повреди од остар предмет бил пронајден З.Ш.(20) од с.Крушопек, Скопско.

Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, а според неговата изјава, околу 16.30 часот во парк во Сарај едно лице го нападнало со остар предмет и му ги нанело повредите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

08.10.2024 - 15:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега