Мицкоски: Како Влада направивме неколку грешки, но се коригиравме


Премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето рече дека к
ако влада имаат направено неколку грешки, кои не беа катастрофални.

Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, истакна Мицкоски.

 

„Секој што работи понекогаш знае и да погреши и тука не треба да се земе за зло доколку се коригираме…лошо е ако имаме мислење и чувство дека сѐ знаеме и дека гласот на народот воопшто не е важен. Тогаш грешиме. Мислам дека како влада, во изминатиот период направивме по некоја грешка. Ниту една не беше катастрофална, но секогаш, без исклучок се коригиравме и реагиравме навремено, како што доликува на една народна влада“, рече Мицкоски.

01.10.2024 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега