Резултатите од брисевите од Ѓорѓија Пулевски се готови: Имало бактерија во бомбиците
Резултатите од земените брисови од ОУ Ѓорѓија Пулевски во Скопје се готови. Тие покажале дека причината поради која околу 140 деца се пожалија на болки во стомакот пред четири денови, е присуство на токсини од бактеријата стафилокока, во колачињата коишто ги јаделе тој ден.
Децата од прво до трето одделение, на 26. септември се пожалиле на своите родители дека имале симптоми на труење, откако на училиште јаделе мусака и бомбици. За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.
Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа