Куманово: Малолетник итно пренесен во болница - бил прегазен додека возел велосипед


Вчера во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил  малолетникот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

29.09.2024 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега