Автомобил ги собра столбчињата спроти Влада

 

Автомобил предмалку се искачи на тротоарот спроти зградата на Владата на булеварот „Илинденска“ во Скопје и собори повеќе бетонски столбчиња поставени по работ.

Во инцидентот нема повредени лица, а направена е материјална штета не само врз столбчињата, туку и врз автомобилот со кој управуваше млада жена.

Полициски екипи ќе ја утрвдуваат причината за сообраќајната несреќа.

25.09.2024 - 19:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа