Муртезани од Брисел: Земјите членки на ЕУ не сакаат во европското семејство

Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). 

Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.  

- Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија. 

Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите.

24.09.2024 - 18:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега