Скопје: Тешко повреден кривопаланчанец откако со мотоцикл удрил во пешак


Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(30) од с.Гиновце, кривопаланечко, удрил во пешакот Џ.Р.(58) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

24.09.2024 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега