Мециновиќ: Нова измислена функција во Царина само за да се задоволат коалициските партнери


Прес-конференција на Пратеникот и Портпарол на Левица - Амар Мециновиќ, по предлогот на Владата за воведување нов (втор) заменик директори на Царина, односно, измислувањето на нови политички функции за да се зачува коалицискиот мир, на грбот на граѓаните.

Првите сто дена од Владата се окарактеризирани само по лаги и зголемување на привилегиите! Сега, за да се ухлебат кадрите на ЗНАМ, Собранието ќе измислува нова функција, тоа е заменик директор на Царината. Тоа што го ветуваше ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт, а тоа е намалување на државната управа, сега гледаме дека се одвива во друга насока!, истакна Мециновиќ.

„Освен тоа што го зголемивме бројот на Министерства, иако опозицијата посочуваше на ова дека државата го зголемува државниот апарат, ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција тогаш лажеа дека ќе се оптимизираат непотребните места и функции. Но, сега гледаме дека тенденцијата на СДСМ и ДУИ, за зголемување на државниот апарат, на штета на граѓаните продолжува и во овој мандат..

Објаснувањето на пратениците од ЗНАМ дека нема да има финансиски импликации, очигледно не е точно! Измислувањето на нова позиција, секако дека ќе има финансиски импликации.

Крајно време е да прекине ова злоупотребување на државната управа и да се тргне во вистинско оптимизирање, а не зголемување на државниот апарат, само за нивните неспособни кадри да го најдат своето место!“, посочи Мециновиќ.

 

24.09.2024 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега