Борбен авион се урна во Бугарија - загинаа двајца пилоти
Борбениот авион Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува Новините
За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Се уште не е познато што се случило со нив, но неофицијалните информации се дека тие загинале.
При падот на леталото избил пожар.
Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска учествуваше како копилот на демонстрацијата на борбените авиони Ф-16 во воздухопловната база.
13.09.2024 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа