Одрон предизвика тешка сообраќајна несреќа во Босна и Херцеговина: Повредени четири лица

 


Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот М17 во градот Мошевац во Босна и Херцеговина.

Околу 6 часот и 20 минути дошло до одрон на патот.

– Како последица на одронот, дошло до сообраќајна незгода во која учествувале две возила. Повредени се четири лица, а се уште не знаеме колкав е степенот на повредите. Истрагата е во тек – соопштија од Оперативниот центар.

Сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин.

13.09.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега