Мицкоски: Сега е многу поевтино за македонските семејства

 

Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Истакнува дека цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште.

-Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби. Еве само неколку примери од продавниците каде цените веќе се прилагодени за да одговорат на новите правила. Со ова, илјадници семејства ќе можат полесно да го подготват училишниот прибор без да се грижaт за високите трошоци, објави Мицкоски на Фејсбук.

Заедно градиме подобра иднина за сите.

06.09.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега