Муцунски: Ние го плаќаме како научник а тој тера политика
За да бидеме успешна држава, сите треба да го работиме она за кое сме поставени – политичарите да се занимаваат со политика, а научниците со наука – вели првиот дипломат зборувајќи за промените кои треба да се случат во мешовитата историска комисија со Бугарија.Тимчо Муцунски бил разочаран што еден научник, кој бил доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила и покај тоа што се уште не му бил истечен мандатот.Во следните неколку недели, промени ќе има и во комисијата со Грција.
Уште на почетокот на мандатот, разбирајќи го значењето на двете комисии, се сретнав со амбасадорот Габер и професорот Ѓеоргиев. Да добиеме слика што работеле, што постигнале. Сметам дека заради специфичноста на нивната работа, не можеме се да објавиме, но прилично сум изненаден, што деновиве гледам еден научник, кој е доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила, и покрај тоа што е се уште во мандат. Со тоа се поткопуваат надворешните политички позиции на државата. Ние политичарите имаме легитимитет за политичка работа, а научниците научна работа. Разочаран сум од таквиот пристап. Според разговорите со Мицкоски, факт е дека треба да има промени. Имаме свои забелешки но ќе ги задржам за нас. Би дал еден совет, за да бидеме успешна држава, сите да го работиме она за кое сме поставени бидејќи ова е специфична работа и мора да бидеме максимално внимателни. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, а тие што доаѓаат од научната фела да работат само во нивната област а интересот на државата да биде пред се и над се. Ќе има е промени во следниве недели а ќе има и одреден континуитет и во двете комисии, изјави Муцунски.
Промените во експертската комисија со Бугарија премиерот Мицкоски ги најави минатиот месец, со образложение дека актуелниот состав не ги исполнил очекувањата бидејќи не ги штител националните интереси. За конкретизирање на имињата на новите членови на Комисијата Мицкоски рече дека ќе се консултира со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Дека се потребни коренити промени во комисијата постојано предупредуваат експертите. Таму никако не смее да има политичко влијание – потребни се научници кои ќе бидат предложени од националните институти кои ќе го штитат македонскиот национален идентитет. Овој став на упатените се темели фактот што изминативе години, фокусот на комисијата тотално се измести – од историските факти, кон политичките желби.
Комисите со Бугарија и Грција се резултат на Договорот за добрососедство и Договорот за промена на државното име. Претходната власт се согласи на многу отстапки, различно толкување на историјата и менување учебници – што се потврди впечатокот на јавноста дека политичкото влијание во комисиите придонесе за прифаќање на уцените и ултиматумите од нашите соседи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа