Бачева: Признанието „Најдобар млад научник“ е мотив за сите млади да се занимаваат со истражувачка дејност

 

Д-р. Катерина Бачева е носител на признанието „Најдобар млад научник“ за 2013 година што секоја година го доделува претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Таа во интервјуто за факултети. мк говори работата која што успеала да ја достигне во областа на хемијата. Годинава јавниот повик за ваквото престижно признание трае до 31 декември.  

Бачева, носител сте на признанието „Најдобар млад научник“ за 2012 година. Кажете ни го тајниот рецепт - колку труд е потребно да се вложи за да се постигне толку голем успех?

Работата исполнува голем дел од нашите животи, и единствен начин да бидеш задоволен со животот и со самиот себе е да го работиш тоа што го сакаш. За мене тоа е љубовта кон хемијата и кон научноистражувачката работа.

За мене лично, признанието најдобар млад научник, значи признание и валидација на сета моја досегашна работа, во мојата научно-истражувачка област.

Јас сум коавтор на четири научни монографии, на еден дел во монографија и на 32 научни трудови од кои 20 објавени во списанија со фактор на влијание (impact factor), 30 презентации на научни собири од кои 16 во странство. 

Конкретно за 2012, за која и го добив признанието, коавтор сум на дел од научна монографија издадена од американска издавачка куќа, имам издадено 7 научни труда, од кои 5 се во списанија со фактор на влијание и 2 во интернационални научни списанија, како и 12 презентирани трудови на научни собири.

Целото интервју можете да го прочитате тука

ФОТО: fakulteti.mk

23.12.2013 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега