Брнабиќ: Жал ми е што Северина нема да дојде во Србија, нема да можам да спијам
Ана Брнабиќ, поранешната српска премиерка и актуелна претседателка на српскиот парламент, неодамна го коментираше приведувањето на пејачката Северина Вучковиќ на српската граница.
Брнабиќ за телевизијата Пинк изјави дека полицијата сакала да слушне што мисли Северина за литиумот, како и нејзиниот став за Сребреница. Северина изјави дека нема да дојде во Србија додека е Александар Вучиќ на власт, на што Брнабиќ иронично рекла дека поради тоа нема да може да спие.
„Многу ми е жал што Северина нема да дојде во Србија, што би рекла „додека е диктаторот Александар Вучиќ на власт“ нема да можам да спијам“, коментираше таа и ја повика опозицијата во Србија кои ја поддржаа пејачката.
Претходно, претседателот на Србија се осврна и на неколкучасовното задржување на Северина на граница.
“И мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која го мислам најлошото. Мораме да се разликуваме од нив во се“, коментираше Вучиќ.
Откако беше приведена на граница, Северина се огласи. „За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам.
Го допреа и Јасеновац, стигнаа и до Туѓман. Дали треба да кажам дека полицаецот во неговите 30-ти постојано се обидуваше да ми објасни дека само си ја вршел работата, затоа што јас сум јавна личност и имам општествено влијание, па еве… никогаш нема да дојдам во Србија повторно додека овој човек не си замине од власт. Сите добро знаеме кој“, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа