Галетановски поднесе документи за директор на Зоолошката: Барам мандат од една година за да ги подобрам условите
Поранешниот директорот на Зоолошката градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски, преку социјалните мрежи информира дека поднел документи на огласот на Град Скопје за директор на ЗОО Скопје.
Како што рече Галетановски, ова го прави во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија, кои му пишале, но најмногу поради животните и колегите, кои заслужуваат мир и благосостојба, достојни за нив.
„Барам од градоначалничката Данела Арсовска и од Советот на Град Скопје мандат од една година, во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државата ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на ЗOO Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО Скопје од политички влијанија“, напиша Галетановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа