„Таа што падна во Заливот на коските“ јавно побара негова реконструкција

 

Емилија Розман, екс мис на Македонија и позната инфлуенсерка и од неодамна позната и како девојката која падна во Заливот на коските во Охрид, по што заврши во болница со скршени ребра, се огласи со оригинална објава на својот Инстаграм профил. 

Имено, таа се врати на „местото на злосторството“ и порача дека е потреба реконструкција на „Заливот на коските“. 

- Не ве слушам од маичката. И не ја барам мајка ми пак тука, дома е, да не ја мислите. Супер сум, ви благодарам од се срце на сите, е сега уште еден период нема да можам да скијам, што не е многу страшно со оглед на тоа дека е лето, а не ни знам да скијам. Важно е да сте добри луѓе. Се друго како било пишано! - напиша таа во својата објава. 

Инаку министерот за култура Зоран Љутков неодамна го посети овој локалитет и најави дека ќе се врши реконструкција

- Реконструкција и модернизација на системот за наводнување на комплексот „Залив на коските“ кај Градиште, повторно ставање во употреба на терасата на објектот за пријатен престој на посетителите, а од следната година и интензивни зафати за санација на платформата на наколната населба „Миќов град“ и кровните конструкции на колибите. Тоа пред две недели од Охрид го најави  Љутков, кој беше во посета на локалитетот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emilija Rozman (@rozmanticna)

29.07.2024 - 19:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега