Мицкоски: Владата повлече арбитража од компанијата „Синохидро“, спасени миниум 50 милиони евра
Со аргументиран пристап и напорна работа изминатите 30 дена Владата успеа да издејствува да биде повлечена арбитражата од кинеската копманија „Синохидро“, која работи на изградбата на автопатот Кичево- Охрид, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.
По одбележувањето на 102 години од основањето на Стопанската комора одговарајќи на новинарски прашања тој појасни дека подизведувач на Синохидро имал започнато арбитража кон компанијата, а таа кон државата.
- Постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари односно пари од буџет. И тоа се средства коишто сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, за граѓаните, за капитални инвестиции, изјави Мицкоски.
Според него, на подизведувач не му биле решени имотно - правните односи, не можел да има фронт за работа, ја тужел фирмата изведувач, а фирмата изведувач државата.
- Значи, еден сложен процес и добро е што излеговме од тој процес без да бидеме подложни на пенали практично, нагласи Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа