Охриѓанец украл лап топ од сместувачки објект во Охрид

 

Утрово во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(44) од Охрид.

При преглед кај него е пронајден лаптоп компјутер, кој е предмет на кривично дело „кражба“, извршена претходно во сместувачки објект на улица „Цар Самоил“ во Охрид.

Компјутерот е одземен и предаден на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

25.07.2024 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега