Грците ги боли глава од казни: Си ги прибираат лежалките за да го почитуваат новиот закон

 

Сопствениците на ресторани на брегот во Неа Анхијалос вчера набрзина почнаа да ги собираат чадорите, лежалките и масите од плажата за да не ги затворат трајно своите објекти поради примената на т.н. закон на Миконос, кој беше воведен среде летната сезона.

По пријавите, следуваше контрола на државната агенција за земјиште, користеа дури и дронови, а вчера беа изречени високи казни со ултиматум да се испразнат плажите за да не останат без работните дозволи.

Во текот на ноќта, додека требаше да го завршат демонтирањето, сопствениците очајнички бараа камиони и магацини за да ја пренесат и зачуваат опремата, која сега не е во употреба.

Последниот работен ден за голем број вработени во објектите, кои мораа да стават катанец, се сведе на собирање столови и маси од плажата, а многу работници набрзина ја собираа опремата за да избегнат затворање на своите објекти.

Од вчера има голем метеж во областа Неа Анхијалос. Сопствениците на објектите собираа чадори и столови и отпуштаа персонал, пренесува „Таксидромос“.

16.07.2024 - 17:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега