Активиран ЕУ механизмот за заштита: Регионот ни праќа помош за пожарите
Уште во мугри паднала одлука меѓу армиските и турските пилоти со сите сили да се интервенира на Серта со тактитичко дејство - точка по точка за концентирано гасење. Седми ден најкритично е на Конечката планина. Опасниот пожар се протега на 30 километри, но не гори една линија. Надлежните се борат со десетици расфрлани пожари.
Освен двата турски ертрактори и хеликоптер, кај нас пристигна и српскиот „црвен ѕвер“. Дачиќ рано утрово ги испрати неговите екипи со хеликоптерот кој има капацитет да пренесува 5 тони вода.
Словенија на Македонија денеска и праќа два хеликоптери, Црна Гора еден. Хрватите праќаат канадер, а од утре ќе може да се користи и нашиот полициски хеликоптер МИ 171 кој беше на сервис.
Освен пожарите на Серта, критично е и на планината Огражден, пожар кој се симнa близу границата со Бугарија.
Добри вести стигнуваат и од Радовиш. Ставен е под целосна контрола пожарот во чие гаснење се вклучија и локалците.
Плановите за дејствувањето на воздухопловите може да се менуваат. Се дејствува по приоритет на пожар. Во изминатите 24 часа, имало 31 пожар на отворено. Активни се 11.
Во меѓувреме, опозицијата обвинува дека сите одлуки за справување со кризата биле задоцнети.
Во Македонија е прогласена кризна состојба поради пожарите. Ова овозможува на пожарикарите да им помагаат и полициски службеници и припадници на армијата. Има забрана за движење во шумите. Кој ќе шета по зеленило ќе треба да плати казна и до 2.000 евра.
Габриела Лескова
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа