Мемеди: Родителите на бебето и медицинската сестра се смирија и си подадоа рака, случајот е затворен
Немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие модринки на раката настанале при процедурата земање венска крв за анализи на 11 јули. Ова го истакна директорот на детската клиника, Реџеп Мемеди, откако семејството на бебето јавно ја прозва медициснката сестра дека го тепала доенчето оти не знаеле македонски јазик.
Тој објасни дека земањето крв било реализирано од страна на две медицински сестри, а како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица.
„Сметаме дека највероајтно во основа причина за алармирање на случајот од страна на родителите е едно недоразбирање меѓу дедото и медиинската сестра кое се случило претходно, па довербата кон сестрата била нарушена“, рече Мемеди.
Тој истакна и дека вчера била реализирана средба меѓу родителите на 4-месечното доенче и медицинската сестра. Родителите се покажале доблесни и медицинската сестра изразила спремност дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и си подале рака на помирување, а тука завршила и работата на комисијата која го истражувала случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа