Катаклизма во Црна Гора: Невремето урна мостови од 400 тони
Невреме кое пред два дена ја погоди Србија, го зафати целиот балкански регион, а после Хрватска се пресели во Црна Гора, каде остави немерливи последици во однос на остатокот од регионот.
Најсилен интензитет е почувствуван на крајбрежјето, односно пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде како последица на бурните ветрови пропратени со обилни врнежи и грмежи, евидентирана е голема материјална штета, како и два загинати животи.
Турски државјанин загина во Чањ, а Д.П.(60) од Тиват загина на градилиштето на теренот за голф во Луштица при силно невреме.
Бурниот ветер, пропратен со врнежи и грмежи, ги урна сите три претоварни моста тешки повеќе од 400 тони, како и три дигалки во пристаништето Бар, откорна дрвја во повеќе општини во централниот и јужниот регион, урна покриви на куќи и згради а беше прекинато снабдување со електрична енергија во делови од земјата.
Улиците на крајбрежјето беа под вода, а најкритично беше во Будва. Оштетени се неколку возила и чамци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа