ФОТО: 165.000 петарди “пукнаа“ право во рацете на МВР

 

Mакедонската полиција за само една недела успеала да заплени 140.000 парчиња пиротехнички средства, вршејќи контроли на патнички возила во Скопје.

Освен во главниот град, полицијатра делувала и во други градови низ државата, при што запленети се околу 25.000 парчина пиротехнички средства – петарди, ракети и огномети.

-Минатава недела, поточно на 17-ти овој месец на магистралниот пат Скопје ГП Блаце кај бензинска пумпа “Еуроактива“ од страна на полициските “алфи“ сопрено е ПМВ “Сеат Кордоба“ со скопски регистарски таблички управувано од лицето Ф.Б. (21) од село Блаце и при прегледот на возилото беа пронајдени и одземени вкупно 95.000 парчиња петарди. Потоа на истиот датум околу 22,40 часот на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај клучка Матка, од страна на УПС од ПС за БПС-Автопат Тетово, било запрено возило “Сеад Толедо“ со гостиварски регистарски таблички управувано од Б.Ј.(29) од Гостивар, а како сопатник била затекната С.Ј. (59) од Гостивар. При преглед на возилото, поточно во багажниот простор биле пронајдени 6.700 парчиња пиротехнички средства (петарди и ракети), кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени. Лицата се приведени и во 23,20 часот со одземените предмети се предадени на УПС од ПС-Ѓорче Петров за понатамошна постапка, стои во соопштението на МВР.

На 18-ти овој месец на излез од Скопје во близина на бензинска пумпа “Макпетрол“ запрено е патничко возило “Ауди А6“ со скопски регистарски таблички управувано од С.М. (32) од Скопје. При преглед на возилото пронајдени се и одземени 11.259 петарди и 133 огномети.

Полициските службеници од СВР Битола на 18. овој месец при извршен претрес во домот на М.М. (25) во Битола, пронајде и одзеде вкупно 6.360 парчиња петарди. Вчера пак (20.12.) во Македонска Каменица од страна на пол.службеници од НККР-Делчево извршен е претрес во домот и помошните простории на Ј.В. (45) како и во просториите на ТП„Савајо“ (продавница) сопственост на сопругата на Ј.В. при што пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени се вкупно 4.320 парчиња петарди.

Во соопштението од МВР се наведува дека во повеќе вакви активности на почетокот на месецов на подрачјето на Скопје Битола и Штип беа пронајдени и одземени речиси 15.000 парчиња разновидни пиротехнички средства од познатите “пиратки“ па се до ракети, огномети во облик на “кашикара“, експлозивни петарди огномети “меџик шат“ и друго.

По целосно документирање на реализираните случаи од страна на Министерството за внатрешни работи против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Минатата година од страна на Министерството за внатрешни работи беа запленети над 253.000 илјади петарди, а против лицата инволвирани во препродажбата на овие средства беа поднесени соодветни поднесоци.

21.12.2013 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега