Се пролеа крв во тетовско - две лица повредени во две страшни несреќи

 

Две лица се потешко повредени во две сообраќајни несреќи кои во изминатотот деноноќие се случиле во полошко, информира за МИА, портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- Осум годишно девојче од тетовско Горно Палчиште било потешко повредено откако денеска околу 11 часот и 20 минути било удрено до автомобил „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблички управуван од Т.М. (42) од Мала Речица, вели Јосифовски за МИА.

Според информациите на Јосифовски, сообраќќајката се случила на патот Тетово-Пирок, близу селото Калник. Девојчето заработило скршеница на зглобот од левата нога и веднаш било пренесено во тетовската болница. Сеуште не се знае дали девојчето ќе биде задржано на лекување. Полицијата извршила увид на местото на настанот.

 

Другатасообраќајка се случила ноќеска околу 23:30 часот во Гостивар, кога 23 годишниот гостиварчанец М.Б. загубил контрола врз својот автомобил „Опел омега“.

 

- Неговиот автомобил удрил во бетонскиот рабик, оштетувајќи и друго паркирано возило. Гостиварецот со скршеници на носот и забите веднаш бил префрлен во гостиварската болница од каде под сомнение дека има добиено и потрес на мозокот веднаш е препратен на скопските клиники, рееч Јосифовски.

Полицијата извршила увид и утврдила дека причина за несреќата е несоодветна брзина. Штетата е проценета на 100.000 денари.

21.12.2013 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега