Со „БМВ“ се забил во сообраќаен знак и се превртел - млад струмичанец настрада во страотна несреќа
27 годишниот струмичанец Љупче Г. загинал вчера вечерта откако со автомобилот „БМВ“ се забил во сообраќаен знак и се превртел на покривот.
Според информациите од полицијата, сообраќајката се случила ноќеска околу 23:50 часот на улицата „Климент Охридски“.
Во автомобилот се возеле и 24 годишниот З.Н. и 27 годишниот М.П. кои по несреќата биле пренесени во струмичкиот Медицински центар. З.Н. бил задржан на лекување поради тешките повреди, а М.П. бил пуштен на домашно лекување.
21.12.2013 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа