Мико: САД да извршат притисок врз Грција за спорот со името

 

Спорот за името меѓу Грција и Македонија првенствено треба да биде европско прашање, а САД поактивно да се вклучат. Европските и американските лидери треба да преземат храбра чекори и да извршат поголем притисок врз Грција, која го започна овој проблем. Доколку тие работат заедно и извршат притисок врз Грција, можеби ќе се реши проблемот, иако се сомневам во тоа. Она што верувам дека мора да се случи е дека ЕУ и НАТО треба да ги реформулираат своите правила и процесот за прием, вели американскиот аналитичар Џејсон Мико во Интервју за програмата „Гласот на народот“.

Toj велидека оваа генерација Македонци и идните генерации секогаш ќе треба да се борат за зачувување на името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата. Тоа можеби не е фер, но е реалност. Поголемиот дел од светот, вели, веќе го признава името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата, па смета дека Македонија е победник во тој поглед.

- Нашите грчки пријатели знаат дека ова е вистина и тоа е причината зошто тие толку упорно се борат да го избришат името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата. Мојата порака е едноставно да се продолжи со добрата борба, вели Мико.

За обраќањето на американскиот амбасадор Волерс за идентитетот, Мико вели од витално значење е да се направи разлика помеѓу идентитет вкоренет во нашата националност и идентитет вкоренет во нашето државјанство.

- Етничкиот идентитет и идентитетот на државјанство се две различни работи и како одраз на тоа треба да разбереме дека државјанство значи да се има одредени права и одговорности како индивидуални членови на пошироката заедница и како дел од „општествен договор“ вкоренет помеѓу индивидуата и државата.

МИА

21.12.2013 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега