Донесен законот за извршување на Буџетот за 2014 година

 

 

Републичкото Собрание по донесувањето на Буџетот за 2014 година, денеска во рамки на 74. седница со 68 гласа „за“ и 27 „против“ го донесе и Законот за извршување на Буџетот за 2014 година.

Пратениците по оваа седница продолжија со работа во рамки на 80. седница и ја изгласаа Одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција во Авганистан во состав на меѓународните сили ИСАФ.

Министерот за одбрана Талат Џафери појасни дека составот на овој контингент чија мисија почнува од јануари, за разлика од другите контингенти е намален за 10 лица, затоа што делот на мисијата е завршена на 10 декември 2013 година. Контингентот вкупно ќе брои 150 лица од редот на пешадиските сили, а едно лице за комуникација ќе биде распоредено на воениот аеродром во Кабул, во рамки на Централната команда на ИСАФ.

Во тек е расправа по останатите точки од 80. седница.

20.12.2013 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега